Коснет: Косово е држава и тоа и ќе остане

Тој додаде дека очекува брзо укинување на таксата од 100 отсто на српскиот увоз во Косово, како предуслов за продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

Американскиот амбасадор во Косово Филип Коснет изјави вчера во Северна Митровица дека „Косово е држава и тоа и ќе остане” и порача дека е неопходно сите кои што живеат таму да го прифатат тој факт, јави програмата на српски јазик на државната косовска телевизија РТК2.

Обраќајќи се во Општествениот клуб во општината со мнозинско српско население во северно Косово, Коснет рече дека земјата се наоѓа во транзиција, дека меѓународната заедница ја помага веќе 20 години, „но тоа нема да трае вечно”.

– Сметам дека не треба да се заборави минатото, меѓутоа битно е тоа да се сфати и да се употреби за градење подобра иднина меѓу двата народи (Албанците и Србите), изјави американскиот амбасадор.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Коснет рече дека Вашингтон силно го поддржува дијалогот со посредство на Европската унија, кој има за цел сеопфатен договор меѓу Косово и Србија.

Тој додаде дека очекува брзо укинување на таксата од 100 отсто на српскиот увоз во Косово, како предуслов за продолжување на дијалогот меѓу Приштина и Белград.

– Сметам дека следен чекор во овој процес треба да биде Косово веднаш да ја укине таксата без никаков предуслов и уверени сме дека, доколку тоа се случи, и Владата во Белград ќе преземе позитивни чекори во тој дијалог. Сметам дека укинувањето на таксата е од големо значење, изјави Коснет, порачувајќи дека САД нема да престанат да го поддржуваат Косово и во случај таксата да не се укине.

Прочитајте и...  Студија: Имунитетот на коронавирусот би можел да исчезне за неколку месеци

Прочитај повеќе

Русија го укинува задолжителниот карантин за странските државјани

Слободен печат

„Нови мерки, старо другарство“ – гледај театар на отворено

Слободен печат

Трамп: Имам многу добар однос со Фаучи, но не секогаш се согласувам со него

Слободен печат

Прекината прес-конференцијата на гувернерот на Флорида – Го обвинија за фалсификување на бројот на случаи со коронавирус (ВИДЕО)

Слободен печат

Македонија ќе се „запише“ на Оксфорд за вакцинација?

Мими Шушлеска Петкова

Ангеловски: МВР е подготвено за успешно спроведување на изборите

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Деркоски: Апсолутни невистини се информациите за броење на гласовите од вчерашното гласање

Слободен печат

ОН: Уште 130 милиони луѓе би можеле да гладуваат заради пандемијата

Слободен печат

Чан Сантоки избран за претседател на Суринам

Слободен печат

Јуроп тудеј: Оздравените од коронавирус патат од замор, отежнато дишење и болка во мускулите

Слободен печат

Известувачот на ОН, Дејвид Кеј, ја предупреди Белата куќа за негативниот „ефект на Трамп” врз глобалната слобода на медиумите

Слободен печат

Во Дебар и Центар Жупа денеска ќе гласаат 33 болни и немоќни лица

Слободен печат