Кошаркарска прва лига: Убедлива победа на Академија ФМП против Куманово, опстанокот се поблиску

Фото: КФСМ

Се поблиску е опстанокот за кошаркарите на Навико Академија ФМП. Вечервба стигхнаа до уште еден важен триумф избраниците на тренерот Тони Симиќ. По успехот против Струмица 2022 на гостински терен, стигна новиот. Сега на домашен паркет, против уште еден ривал во битката за опстанокот во друштвото на најдобрите – Куманово 2009.

До неа „лавовите“ од Кисела Вода стигнаа со одлични 20. минути. Оние во кои се чини и го скршија отпорот на гостите од Кумамово. По десет минути, домашните кошаркари имаа водство од десет поени (29:19). а веќе на големиот одмор, Навико Академија ФМП замина со уште поголеми (51:32).

Со само двајца расположени играчи во Нападот, Зивчевиќ и Марјановиќ, кумановци и не можеа да сметаат на некој подобар резултат на ова гостување во Скопје.

Па на две кола пред крајот на регуларниот дел, се „симнаа“ на претпоследното место на табелата (4-16), она кое води во понизок ранг на натпреварување.

Сега пред нив е токму Навико Академија ФМП која е на скор (5-15). Екипа во која одлично одработија Мариновиќ, кој освен 19 поени, додаде и осум скока, Смит Мек Свејн кој беше двоцифрен кај поените – 12, но и во рубриката асистенции-14, како и младиот Коскоски, кој заврши со 13. поени и 6.скока.

Освен Марјановиќ, кој запиша 24, Зивчевиќ кој броеше до 16, двоцифрен број на поени во тимот од Куманово имаше и Рајт кој постигна десет.

РЕЗУЛТАТИ 20. КОЛО

Навико Академија ФМП – Куманово 2009 88:72

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув  87:67

Пелистер – Феникс 2010 93:74

Гостивар – Еуро Никел 2005  85:65

Работнички – Чаир 2030 83:67

ТФТ Mozzart – Струмица 2022 92:82

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот