Кошаркарите на ТФТ го надиграа Еуро Никел 2005 во Првата лига

фото: kfsm.mk

Екипата од Тафталиџе, ТФТ го остави гостинот од Кавадарци, Еуро Никел 2005, на бројката од само 56 поени, што е реткост, доволно за победа број 13 (73:56) во Првата македонска кошаркарска лига.

Во дуелот на две екипи од горната „половина“ на табелата, ТФТ Моцарт и Еуро Никел 2005, „црно-белите“ одиграа одлично, особено фазата на одбраната, на крајот беа наградени и со убедлива победа. Двете екипи се на скор од 13 победи и седум порази.

Зафиров беше најдобар стрелец во петорката на „двоцифрени“ во домашниот состав, макар што реализира само 13 поени. По 12 имаа Луис и Николов, еден помалку Ташовски, а десет дополни Хаутон. Кај гостите Смит Мексвејн броеше до 19 поени, но двоцифрено беше следен само уште од Врањеш, кој уфрли 11.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 20 КОЛО

ТФТ Моцарт – Еуро Никел 2005 73:56

20.30 часот Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром

16 МАРТ (САБОТА)

15.30 часот: Навико Академија ФМП – Гостивар
18.00 часот: Работнички – Кожув

17 МАРТ (НЕДЕЛА)

20.00 часот: Феникс 2010 – Охрид

ПОРАНО ОДИГРАНО:

Вардар – Пелистер 74:86

ТАБЕЛА: Работнички 34 бодови (-1), МЗТ Скопје Аеродром 34 (-1), Пелистер 34, Еуро Никел 2005 33, ТФТ Mоцарт 33, Чаир 2030 32 (-1), Феникс 2010 30 (-1), Гостивар 25 (-1), Кожув 24 (-1), Охрид 23 (-1), Академија ФМП 23 (-1), Вардар 23.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот