Кошаркарите на Маџари во полуфиналето на плејофот по победата над Кожув
Во натпреварот против директниот конкурент, кошаркарите на Маџари беа убедливо подобри од Кожув од Гевгелија (114:89). Екипата на Маџари ќе биде четвртиот учесник на доигрувањето за шампионската титула откако денеска го поразија својот директен конкурент за четвртото место на табелата во „МТЕЛ“ Супер лигата.
Препорачано
Иако играа добро и во првото полувреме, до победата која значи и пласман на позиција која води во плејофот, кошаркарите на Маџари, дадоа потврда во третиот период од играта. Односно десет минути во кои ги урнаа сите дилеми околу тоа дека со право се прогласени и за изненадување на сезоната.
Реализираа дури 33.поени во десет минути, примија двојно помалку – само 16, па разликата која ја имаа на полувремето (56:45), ја претворија во недостижни (89:61). Доволно за на две кола до крајот на ТОП 6, имаат ефект 14-11, кој и дефинитивно е недостижен за екипата од Гевгелија која има 12-13, со оглед на тоа дека Маџари сега има и подобар скор во меѓусебните дуели во текот на оваа натпреварувачка сезона.
До победата која значи место во првата „четворка“ Маџари го водеа Луис, кој освен 27 поени додаде и пет асистенции и четири скока, Армстронг кој заврши со ефект од 21.поен, осум асистенции и седум скока. Во екипата на Кожув, Симиќ постигна 19 поени, Кузманов имаше 13, Бојчев и Зетов по 12, а Пурвис уште 10.
МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ
ТОП 6
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Тиквеш Голден Игл 102:77
Маџари – Кожув 114:89
24.АПРИЛ (ПЕТОК)
19.00 часот: Пелистер – ТФТ
ТАБЕЛА
1.МЗТ Скопје А. 25 21 4 2012:1779 45
2.ТФТ 24 (-1) 21 3 1990:1736 45
3.Пелистер 24 (-1) 16 8 2181:1964 40
4.Маџари 25 14 11 2038:2001 39
5.Кожув 25 12 13 2083:2086 37
6.Тиквеш ГИ 25 11 14 1983:2010 36


