Корупцијата во Македонија и Извештајот на ЕК теми меѓу Мицкоски, Николоски и шефот на ОБСЕ, Клеменс Која

Економската состојба на државата, корупцијата, забелешките во Извештајот на ЕК и работата на Собранието, биле дел од темите за кои се разговарало на денешната средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со Шефот на мисијта на ОБСЕ Клеменс Која.

На средбата, Мицкоски, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, информирал за состојбата во која се наоѓа државата, особено загрижувачките економски показатели како преминување на прагот на задолжување над 60 проценти кое е прекршување на мастришките критериуми, за историскиот пад на БДП во земјава кој достигна 12,7 отсто во вториот квартал од годинава, како и зголемувањето на сиромаштијата и намалување на животниот стандард на граѓаните.

На средбата на која присуствувал и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, се вели во соопштението, било разговарано и за тековните проблеми на земјава со корупцијата и криминалот и забелешките од Извештајот на ЕК.

Мицкоски, стои во соопштението, посочил дека власта неумешно се справува со криминалот во земјава, а со слабиот правосуден систем и корупцијата во истиот, криминалните однесувања на одредени функционери не се казнуваат.

На средбата Мицкоски, исто така, го информирал Која за состојбата во македонското собрание, каде, како што се вели во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ, власта во обид да ја руши демократијата противуставно бара да се легитимира гласањето на пратеници кои не се присутни во собранието, како и неприфаќањето на амандманите на опозицијата кои се пред се барања на граѓаните во тековните дискусии во Собранието.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот