Коронавирусот може лесно да влезе во вашиот дом, а ова се најризичните предмети

Иако сите сме свесни дека во екот на пандемијата од коронавирусот е клучно да се одржува правилна хигиена и редовна дезинфекција на домот, Дејан Димитров, генерален директор на компанијата „Laundryheap“, за хемиско чистење, препорачува посебно да посветите внимание на најризичните делови од домот, пишува Дејли Стар.

Еве за кои предмети се работи:

Крпите во кујната

– Иако изгледаат прилично безопасно, крпите во кујната всушност се плодно место за развој на бројни штетни бактерии и вируси, вклучувајќи салмонела и Ешерихија коли. Како што коронавирусот предизвикува дополнителна загриженост, така потребно е секојдневно да ги менувате овие крпи – вели Димитров.

Ракавиците кои ги користите во кујната

Слично како и крпите од кујната, ракавиците за шпоретот се направени од памучен материјал, па тие исто така можат да претставуваат идеално место за собирање на бактерии и вируси, па така потребно е редовно да ги перете и менувате.

профимедиа

Перници

Дали се трудите да го не го допирате своето лице во текот на денот? Вашиот трид може да биде залуден, доколку спиете во перница која претходно не сте ја испрале.

– Сега треба да ги переме навлаките почесто отколку остатокот од постелнината – вели експертот Димитров од компанијата за хемиско чистење.

Теписите на подот

– Многумина ги занемаруваат, но теписите можат да соберат огромна количина на нечистотии и бактерии. Ако машината за перење на алишта не е безбедна (или практична), можете да повикате сервис кој се занимава со услуги за перење. Доколку пак сакате тоа да го направите сами, можете да ги освежите своите теписи, така што на нив ќе ставите по малку сода бикарбона низ целата површина, потоа почекајте 30 минути и исчистете ги со правосмукалка како и обично – советува Дејан.

Капути и јакни

Перењето со рака нема да биде ефикасно ако облеката и натаму ви остане гадна. Често штом стигнеме дома забораваме каде се била нашата облека, па најдобро би било веднаш да се пресоблечете, без разлика на тоа колку сте уморни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот