Коронавирусот ги „погоди“ луксузните производи, модниот гигант „Барбери“ објави пад на продажба од дури 80 отсто 

инстаграм

Продажбата во Европа, Азија и Африка опаднала за 60 проценти, во Америка за дури 80 проценти, објавуваат од модниот гигант Барбери.

Ако еден светски моден гигант со традиција од далечната 1856 година, каков што е Барбери, марка на која не и наштетиле ни Првата ни Втората светска војна, објави неверојатен пад на продажба, што би можеле да кажат помалите модни куќи.

Култниот британски бренд “Burberry”, зад себе има катастрофална недела во која опаднала нејзината вредност, но уште полошо, нејзиниот пад на продажбата во светски рамки е таков што компанијата јавно објави дека се соочува со нешто досега невидено!

Продажбата во Европа, Азија и Африка опаднала за 60 проценти, во Америка за дури 80 проценти, а се проценува дека до крајот на март, кога ќе се соберат податоците за првиот квартал, вкупниот пад ќе биде околу триесет проценти во однос на истиот период минатата година.

„Повеќе од 60 проценти од нашите продавници во Европа, Азија и Африка и околу 85 проценти од нашите продавници во Америка во моментов се затворени, а оние што се уште се отворени работат со скратено време и имаат многу лоша продажба“, изјави Марко Гобети, извршен директор на „Барбери“, нагласувајќи дека коронавирусот ја уништил продажбата на луксузните производи ширум светот.

Во текот на Првата светска војна, „Барбери“ бил службен добавувач на облека за британската војска, а во текот на Втората светска војна, соработката со војската, но и со цивилната заштита, продолжила. Тогаш за војската бил направен и денес култниот „Барбери“ мантил, но се правела и облека за жените припаднички на територијалната одбрана. Така, во асортиманот на „Барбери“ за првпат се нашол и женскиот костум со здолниште дизајнирано за носење во текот на воздушните напади.

Соочени со големи размери на катастрофа предизвикана од корона-пандемијата, од „Барбери“ не се сомневаат дека ќе го преживеат и ова огромно искушение. Само се прашуваат колку тоа ќе чини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот