Коронавирус: Дали носењето маски ќе предизвика долгорочни ефекти кај децата

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Носењето заштитна маска стана наша рутина уште кога почна епидемијата КОВИД-19, а денес очекувана пракса која завзема голем дел од нашето секојдневние.

Но, родителите и експертите изразија голема загриженост во врска со долгорочните ефекти што може да ги предизвика носењето маски кај најмалите.

EPA-EFE

Едно истражување од 2016 година објавено во „Frontiers in Psychology“ кое всушност е академско списание, покажа дека изразот на лицето и визуелните сигнали се од круцијална важност за децата. Тоа им овозможува да споделуваат и да ги идентификуваат емоциите за време на секоја социјална интеракција.

Instagram
Instagram

Арти Мунда, мастер во советување и обука изјави дека носењето маска може да доведе до развојни одложувања во комуникациските прашања во процесот кога децата учат да се изразуваат.

Словенците ги тестираа заштитните маски: Која најмалку штити од ковид-19, а која најмногу?

Комуникацијата е длабоко под влијание на визуелните сигнали. Вокалните сигнали имаат само 38% влијание. Ова ја прави потребата да се изразат и видат знаците на лицето, навистина значајна“, вели таа.

Instagram
Instagram

Вербалните сигнали се однесуваат на зборови, додека вокалните сигнали го опфаќаат тонот на гласот или јачината на звукот.

Тоа исто така може да предизвика одложување во развојот на социјална и емоционална интелигенција бидејќи децата не се во можност да ги соберат „пофините“ нијанси кои се од клучно значење за нивното разбирање на чувствата“, додава Мунда.

Како да ги надминеме комуникациските бариери што ни ги создаваат заштитните маски?

Но, предучилишните установи се обидуваат да најдат начини како да го подобрат тоа. Развојот на говорот е особено клучен за децата на возраст од две до три години.

Наставниците ќе мора да посветат поголемо вниание на децата кои се потивки и на кои можеби ќе им треба повеќе помош.  Особено за најмалите, наставниците веројатно ќе мора да носат визири наместо маски. Многу е потребно, покрај тоа што го слушаат децата да можат да видат и како се изговараат зборовите.

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Нг Ју Ксијан, извршен директор на Меѓународната образовна група „EtonHouse“, исто така изјави дека многу емотивни потреби можат да останат незабележани кога лицата на децата се зад маски.

Колкава е шансата да се заразиме со ковид на отворено? Еве што велат експертите за носењето маски надвор

Оттука, се поставува прашањето дали е потребно дополнително внимание за толкување на невербалните знаци што ги даваат децата, вклучувајќи го и говорот на телото и гестовите во обид да се пренесе порака или да се изразат емоции.

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Маските исто така можат да го отежнат разбирањето на говорот, особено во случај на зборови со сличен звук. Затоа Светската здравствена организација и Меѓународниот фонд за деца и итни случаи на Обединетите нации советуваат дека децата од пет и под пет години не треба да носат маски.

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески – Слободен печат.

Наставниците во градинките, во почетните одделениа исто така морат да користат едукативни ресурси, како што се постери, налепници, книги со приказни, листови со активности и игри со карти. Да се најдат креативни начини да им помогнат на децата да разберат зошто мораат да носат маски.

За сите е тешко, но доколку се претстави како игра во која имаме мисија да се бориме против вирусот, ќе успееме!

Хрватска докторка искрена до коска: Ако го гледате она што го гледам јас, ќе ги набиете маските на муцка и нема да ги вадите!

Дали знаете како правилно да ги одржувате платнените маски?

Што покажа истражувањето? Список на заштитни маски – од најдобра до најлоша

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот