Како да ги надминеме комуникациските бариери што ни ги создаваат заштитните маски?

unsplash
Маската од денеска одново се воведува и за надворешните простори во Грција/ Фото: ЕПА

Еден од резултатите на новата „маскирана“ реалност за време на пандемијата на коронавирус, е новиот начин на комуникација со заштитни маски. Носењето заштитни маски резултира со изобилство на секојдневно погрешно толкување, дури и фрустрација. Но, како што еднаш рекол Џон Адамс: „Секој проблем е скриена можност“.

unsplashНашата комуникација е отежната од заштитните маски кои станаа наше секојдневие. Но, малкумина се свесни дека тие можат да претставуваат невидена шанса да се усоврши многу пософистициран степен на емоционална интелигенција,  За жал, заштитните маски мора да бидат постојано со нас. За некои луѓе станаа пригоден начин да ги прикријат или „затаат“ своите емоции.

Како да бидеме проактивни во обидот за подобро разбирање на другите и да бидеме подобро разбрани, чекајќи го крајот на оваа пандемија?

Додека зборуваме со други, инстинктивно ја гледаме нивната реакција. Нормално, барем потсвесно го набљудуваме нивниот целосен израз на лицето за да го „измериме“ нивниот одговор, додека го продолжуваме разговорот. Откако почна пандемијата, голем дел од тие детаљи недостасуваат. Двете страни градат „разнишан“ терен за комуникација. Еден навидум безопасен коментар без пропратна насмевка, може лесно да се сфати погрешно.

unsplash

„Грешки“ во комуникацијата можа да се случат во супермаркетот каде што пазариме, на работа, во социјален амбиент. За жал, во нашата сегашност, воздишка, намуртеност или насмевка е недостапен „луксуз“.

Со фокусирање на одредени невербални сигнали и изрази, можете да „пристапите“ до вредни информации. Така, ќе го подобриме квалитетот на нашите комуникации, не само сега, туку можеби и пост пандемијата или засекогаш.

unsplash

Фасцинантно истражување спроведено од професорот Корнел Адам Андерсон на почетокот на 2017 година, откри зошто очите важат за „прозорец кон душата“. Тој потврди дека луѓето ги толкуваат најдлабоките емоции преку очите. Исто така, имало студии кои велат дека очите се потранспарентен идинкатор отколку насмевката или зборовите.

Постојат неколку основни параметри што можете да ги следите, како што се: Дали лицето со интерес ве гледа во очи или е расеан со погледот? Дали гледа надолу? Дали ги крева веѓите? Како се совпаѓа неговите коментари со тонот на гласот и гестовите?

unsplash
Сега, кога поголемиот дел од лицето е „скриено“, вреди да вложите дополнителен напор да ја прочитате емоционалната состојба на оние околу вас, обидувајќи се да ги ублажите недоразбирањата во овие тешки моменти.

Бидете јасни, зборувајте гласно и ако е потребно повторете го она што сте го кажале. Ова е „одлично“ време да се обидете да бидете концизни во она што го зборувате. Поради очигледната бариера од заштитните маски, некои зборови може да се пропуштат, или другиот да не ги слушне добро.

Користете хумор, но избегнувајте сарказам, во обид да ги смирите напнатите ситуации. Ако не го познавате човекот, бидете внимателни со шегите што може да бидат погрешно сфатени. Се разбира, вашите постапки можат да зборуваат погласно од зборовите или невербалните пораки. Помогнете им на другите, бидете флексибилни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот