Дали знаете како правилно да ги одржувате платнените маски?

Според новите правила во Романија, платнените маски се забранети, Фото: pixabay

Заштитните маски како една од мерките за спречување на коронавирусот станаа наша секојдневна рутина. Со цел да нѐ заштитат, треба и правилно да се одржуваат. Покрај медицинските маски за еднократна употреба, платнените или немедицинските маски се едни од најбараните „модели“ во борбата против глобалната пандемија кои своевремено за многу луѓе станаа и моден детаљ.

Ако веќе и вие сте си направиле мини колекција од маски, треба да се придржувате на правилата за нивно одржување за да биде навистина ефективно нивното носење. Ова секако не значи дека една иста маска треба да се носи со денови!

Освен што е важно да се носат правилно, односно, да бидат заштитени устата и особено носот многу е важно да бидат чисти. Секако, по отстранувањето на употребената маска, задолжително е добро миење на рацете со топла вода и сапун.

Иако на Интернет има безброј совети за дезинфекција на маски со помош на микробранова печка или потопување во врела вода, најдобро е да се примени класичното миење и сушење на истите.

Колкава е шансата да се заразиме со ковид на отворено? Еве што велат експертите за носењето маски надвор

Како што советуваат од Американскиот центар за контрола и превенција на болести „CDC“, платнените маски може да се перат со други алишта, на висока температура во машината за перење.

Доколку се перат рачно, треба да се користи средство за дезинфекција кое содржи од 5,25% до 8,25% натриум хипохлорит и тоа 4 лажички на литар вода на собна температура. Потопете ја маската во растворот и почекајте 5 минути. Потоа исплакнете ја со ладна вода и оставете да се испуши (ако е можно на сонце). Ако имате маски со филтри, менувајте ги по секоја употреба. Најдобро е маските да ги перете по секоја употреба и добро да ги исушите.

Секако, има различни видови на платнени маски. Како маски со најголема ефективност од зараза се препорачуваат двослојните памучни маски.

За оптимална ефикаснот, најдобро е да користите двослојна памучна текстилна маска за лице, која делува како текстилна бариера. Важно е да се носи правилно: цврсто да биде залепена на носот и устата. Доколку маската е влажна,  не смеете да ја допирате додека ја носите. Физичката бариера создадена со правилно носење на маски за лице може да обезбеди добра заштита од вирусот и да спречи мукозата на устата/носот да дојде во контакт со контаминирани раце. Таквите маски, како и другите текстилни производи, можат да го забават процесот на издишување во воздухот и да ја зголемат свеста за потребата од физичкото растојание, како и повнимателен третман кон себе и другите. На овој начин, тоа може да придонесе за намалување на понатамошното ширење на вирусот SARS-CoV-2“, пренесуваат од Хрватскиот институт за јавно здравје.

Што покажа истражувањето? Список на заштитни маски – од најдобра до најлоша

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот