Словенците ги тестираа заштитните маски: Која најмалку штити од ковид-19, а која најмногу?

Фото: Драган Митрески

Сега кога заштитните маски станаа секојдневие за луѓето ширум светот, истражувачите направија избор и открија кој тип на заштитна маска им одговара најмногу.

Сепак, многумина потполно несвесно се ставаат себеси и другите луѓе во опасност од заразување со коронавирусот поради погрешниот избор на маската.

Колкава е шансата да се заразиме со ковид на отворено? Еве што велат експертите за носењето маски надвор

Словенечкиот институт „Јожеф Стефан“ од почетокот на пандемијата ја тестираше ефикасноста на над 150 заштитни маски и материјалите од кои се направени, а резултатите од истражувањето покажуваат дека маските за повеќекратна употреба филтрираат од 19 до 82 отсто од честичките, во зависност и од наборите.

Студијата покажува дека ефикасноста на маските за повеќекратна употреба варира во голема мера, пренесува СТА.

Маските изработени од растеглив материјал филтрираат 30 отсто од честичките, додека оние што се изработени од свиленкасти вештачки материјали се најмалку ефикасни, со 19 отсто од филтрираните честички.

Што покажа истражувањето? Список на заштитни маски – од најдобра до најлоша

Различните памучни материјали даваат подобри резултати, а филтрацијата е поголема кога ткаенината е со набори, а не е мазна или растеглива.

Платнените маски можат да бидат поефикасни ако станува збор за ткаенини со голем број набори или ако се надоградат со полимерни материјали коишто се користат за изработка на фабричките хируршки или ФФП маски.

Дали знаете како правилно да ги одржувате платнените маски?

Пластичните визири покажаа само 16 отсто ефикасност во филтрирањето на честичките.

ФФП3 маските го блокираат продорот на честичките во најмалку 97 отсто од случаите, а ФФП2 во опсег од 49 до 75 отсто.

До послаби резултати доаѓа кога маските не се придржуваат добро на главата, наведуваат авторите на студијата, додавајќи дека материјалот од кој се направени маските ФФП3 и ФФП2 покажуваат подобра ефикасност.

Различни хируршки маски покажуваат ефикасност во филтрирањето, во опсег од 77 до 81 отсто, а материјалите од кои се направени од 91 до 99,5 отсто.

Хрватска докторка искрена до коска: Ако го гледате она што го гледам јас, ќе ги набиете маските на муцка и нема да ги вадите!

Како да ги надминеме комуникациските бариери што ни ги создаваат заштитните маски?

Важно е какви маски носите: Дознајте колку штитат памучната, медицинската и хируршката

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот