Хрватска докторка искрена до коска: Ако го гледате она што го гледам јас, ќе ги набиете маските на муцка и нема да ги вадите!

Сите земји од светот се соочуваат со галопирачки пораст на бројот на заболени од коронавирус, а населението, се чини дека не може да помират со потребата од воведување на одредени ограничувања со цел да се спречи ширењето на болести. Меѓу разните апели за почитување на мерките за задолжително носење маски и дистанца се појави и овој статус на Фејсбук на докторка – анестезиолог од Хрватска:

Често ме прашуваат како ми е на работа овие денови. Дали навистина е така како што медиумите прикажуваат или ситуацијата е премногу надувана.

Е па, не само што не е пренадувана туку не ја прикажуваат доволно реално. Ситуацијата е многу грозна. Грозна за пациентите, грозна за персоналот. Пренатрупана, депресивна, хаотична, критична, загрижувачко секојдневие кое влијае на нас професионално и приватно.

Мојата професија никогаш не била една од оние во кои може да забошотувате. Анестезиолошките дежурства се се, само не мирни и обележани со мирно пиење кафе и неработа. Сега моите колеги и јас дежураме толку што смените повеќе и не ги броиме. Многумина дежураат по 4-5 викенди во месецот, по 6 дежурства во 14 дена… Колешката денеска го работи петтиот викенд по ред.

Да видиме барем трошка надеж дека сето ова ќе помине, дека луѓето кои ги лекуваме после неколку магични лекови „ќе скокнат“ излекувани, би ни било полесно. Вака… се повеќе се полниме, полниме и полниме… Што повеќе се полни болницата, повеќе се полни и интензивна. И имам впечаток дека барем 50 отсто од луѓето не ја сфаќаат сериозно ситуацијата.

Така што сега ја имаме својата Италија, која за жал, е само на својот почеток. Зошто ќе биде само полошо.

Се ежам од глава до пети кога ги слушам теориите на заговор, терориите за штетноста на маските и сличните глупости. За почеток – никој од нас не би се загрозувал себеси со тие маски убијци, ако е тоа така.

Да го гледате тоа што го гледаме ние, ќе си ги набиете сите тие маски на муцките и нема да ги вадите 6 месеци. И ќе си седите дома наместо по кафулиња, родендени, забави и свадби. Зошто никако не сфаќате дека, ако и не ве убие вас, ќе ги убие вашите постари и послаби…

И да… еве, и јас сум позитивна веќе неколку дена. И покрај сите неброени мерки на претпазливост. Не знан точно како го добив вирусот, всушност не е ниту важно.

Само со без се сеќавам на толпата луѓе кои ги среќавав без маски – тетката во продавницата која со денови одбиваше да ја стави, луѓето во дуќанот кои ми се внесуваат во фаца без маски, фактот што моите сопствени деца одат во училиште и дека во некои е задолжително носењето маски, во некои не.

Засега можам да бидам благодарна на тоа што имам поблага форма. И може да кажам дека му се молам на Бога така да остане зошто не сакам ситуација во која ќе морам во болница. Не поради персоналот – зошто тие даваат стопати повеќе од очекуваното туку заради тоа што знам што ме чека тогаш.

И така, ете… малку ми се прелеа чашата.

Извинете!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот