Контроверзната американска раперка Азилија Бенкс се потсмеваше на Босна и Херцеговина
Контроверзната американска раперка и пејачка Азилија Бенкс повторно предизвика лавина од реакции на интернет откако во една изјава ја спомена Босна и Херцеговина – и тоа во исклучително непријатен контекст.
Препорачано
Во видео кое стана вирално на социјалните мрежи, еден новинар ја праша дали би им го препорачала на туристи местото каде што престојува, а Бенкс, во својот препознатлив стил, одговори: „Да, мислам, не сме во е**ната Босна. Ова не е Палестина“.
— Azealia Banks INFO 🧜🏾♀️ (@AZEALIA_INFO) October 21, 2025
Откако клипот заврши на Икс, еден корисник на шега состави листа на „100-те најдобри кавги на Азилија“, меѓу кои – ни помалку ни повеќе – беше вклучена и Босна.
Самата раперка одговори на објавата со прашањето: „Кој ѝ даде интернет на Босна?“
Who gave Bosnia the internet? https://t.co/67Ant6XWMy
— Azealia Banks (@iiwasinthee212) October 23, 2025
Азеалија Бенкс не е непозната за јавноста кога станува збор за контроверзни изјави. Откако стана глобална сензација во 2011 година благодарение на хитот „212“, Бенкс покажа склоност кон конфликти покрај својот музички талент – особено на социјалните мрежи.
Со текот на годините, таа успеа да се скара со речиси половина од музичката индустрија: Иги Азалија, Ники Минаж, Карди Би, Илон Маск, Лана Дел Реј и многу други. Повеќето од овие конфликти започнаа на Икс или Инстаграм, каде што Бенкс често јавно ги напаѓа колегите – честопати многу директно, понекогаш навредливо.
Нејзините испади не поминаа без последици. Твитер, денешниот Икс, ја суспендираше неколку пати поради објави што содржеа хомофобични, расистички и трансфобични навреди.


