Контролорите на летање добија поддршка од Делегацијата на ЕУ во Македонија

Визер авион патници / Фото: Драган Митрески

Александар Тасевски, претседател на ССКЛ очекува од Владата да го исполни ветувањето и раководството на М-НАВ да биде разрешено или во спротивно тие се решени да го затворат воздушниот простор над Македонија од 10 јануари, оти се води битка за обезбедување и гаранција на безбедност на секој патник кој што патува со авион

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање во државната М-НАВ, Александар Тасевски на повик на делегацијата на Европската Унија во Македонија, во петокот беше на разговор за случувањата во македонската навигација. Според него, излегуваат на виделина сите работи за кои предупредувале, а делегацијата на ЕУ била целосно запознаена со сите случувања во М-НАВ.

„Очигледно е дека Делегацијата на ЕУ и амабасадите ревносно ги следат случувањата во нашата институција, но жално е што случувањата излегоа од контрола. Имаме многу добро разбирање со институции кои функционираат на начин на кој сакаме и ние да функционираме. Жално е што ова одекнува насекаде, веќе ги надмина границите на нашата земја, но имаме целосна поддршка. Ги информиравме сите синдикати во Европа, имаме поддршка, дури се организира и доаѓање овде, за да ни дадат поддршка“, рече Тасевски по разговорот.

Насилникот Беким Незири, кој упадна во контролата на летање е во полициска станица

Претседателот на ССКЛ уште еднаш ги повтори барањата кои ги упатиле до институциите и посочи дека веднаш по нападот во М-НАВ, побарале од МВР да ги преземе сите активности за лоцирање на виновниците, но и за обезбедување на зградата на македонската навигација, која е државна институција.

„Бараме од МВР да ги лоцира, да ги открие сите сторители на настанот, да покренат соодветни постапки, без разлика дали лицата биле вработени, соучесници во целиот овој процес или се лицата кои упаднаа. Побаравме да се делегираат лица кои ќе бидат обезбедување на објектот, бидејќи очигледно службата за обезбедување не ни е функционална штом успеаја лица кои не се вработени да влезат во објектот – кажа Тасевски.

Владата на седница во вторник ќе го разреши Управниот одбор на М-НАВ и ќе бара истрага за работата на раководството

Тасевски, очекува од Владата да го исполни ветувањето и раководството на М-НАВ да биде разрешено.

„Ако не се испочитува тоа, решени сме да го затворивме воздушниот простор над Македонија од 10 јануари, затоа што битката се води и за обезбедување и гаранција на безбедност на секој патник кој што патува со авион“, посочи Тасевски.

Ако Владата не ги разреши директорите на М-НАВ, контролата на летање в среда стапува во штрајк

Ќе се затвори ли небото над Македонија? Контролорите на летање подготвија депонирани оставки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот