Конор Мекгрегор тргнат од УФЦ – дали ова е крај или нов почеток?
Ирската ММА легенда Конор Мекгрегор официјално е тргнат од списокот на борци под договор со UFC. Со тоа, симболично завршува една ера, бидејќи Мекгрегор беше еден од ретките спортисти кој успеа да ја надмине популарноста на самиот спорт.
Препорачано
Познат како „Notorious“ и „Mystic Mac“, тој стекна слава со својата способност да предвидува исходи, арогантен стил и спектакуларни нокаути. Во кариерата запиша 22 победи и 6 порази, а остана запаметен како првиот борец во историјата на UFC кој истовремено држеше два шампионски појаси – без никогаш да ги брани.
Во UFC дебитираше во 2013 година и редеше победи над познати имиња, а најголема слава стекна со триумфите над Чед Мендез и Жозе Алдо. Настапи и во боксерски спектакл против Флојд Мејведер, кој го гледаше целиот свет.
Последните години неговата кариера ја засенија скандали, повреди и контроверзии, но Мекгрегор останува еден од највлијателните борци што ММА го издигна на глобално ниво.
Иако е тргнат од листата на борци, не е официјално пензиониран. Првиот човек на UFC, Дејна Вајт, откри дека Конор тренира секојдневно и има желба да се врати – можеби токму на големиот настан планиран за 4 јули 2026 година во Белата куќа.


