Коневски: Крајно време е за промени во ВМРО-ДПМНЕ

Крајно време е за промени во ВМРО-ДПМНЕ, ова уште еднаш го потврдија последните парламентарни избори, пишува во соопштение до јавноста Ивица Коневски, поранешен градоначалник на Аеродром и актуелен советник за град Скопје на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Повеќе од јасно е дека на партијата и е неопходен добар тим, раководство со капацитет за обединување и демократизација, кои во моментов се клучни за враќање на довербата кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш имала свој препознатлив печат, кој за жал изминатите неколку години избледе. Но, и покрај сите премрежија, кај многумина од нас не избледе искрената желба партијата да се врати на својот вистински пат, да ги следи современите текови и повторно да стане делотворен чинител во ова општество.

ВМРО-ДПМНЕ тоа го има, го може и знам дека ќе успее пак да се издигне на пиедесталот, онаму каде што припаѓа, на првото место. Доаѓаат подобри времиња, стои во соопштението од Ивица Коневски, член на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник за град Скопје на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението.

Досега оставка од Христијан Мицкоски од лидерската позиција побараа повеќе членови од претходното раководство на партијата, меѓу кои Никола Тодоров, Никола Попоски, Сашо Мијалков, Ѓулистана Марковска, Даниела Рангелова, а прв со вакво барање веднаш по изборите излезе актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.

Ѓулистана Марковска: Ако Мицкоски сакаше вистински да ја демократизира партијата, тоа ќе го направеше по неговиот нерегуларен избор за лидер

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот