Конечно: Започнува реконструкцијата на улицата „Козара“ во Капиштец
На улицата „Козара“ во населбата Капиштец започнуваат градежните зафати за нејзината долгонајавувана реконструкција. Реконструкцијата, како што информираат од Општина Центар, ќе го опфати потегот од улицата Антон Панов па сѐ до улицата Васил Ѓоргов, бидејќи во овој дел улицата има потреба од обновување на асфалтот.
Препорачано
– На овој потег на улицата „Козара“ ќе биде поставен нов асфалт во должина од 1490 м2 и нови рабници со вкупна должина од 940 метри, односно по 470 метри од двете страни. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 23 шахти – вели градоначалникот Горан Герасимовски.
Жителите на Козара со години реагираат за состојбата во која се наоѓа оваа улица, на која од двете страни се градат или се изградија во изминатиот период повеќе згради.
Од Општина Центар информираат дека веќе е започната реконструкцијата на улицата Петар Поп Арсов, а во следниот период ќе се работи на улиците Рајко Жинзифов, Адвокатска улица и на пробивањето на улицата Партизанска.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
3мин
-
24мин
-
34мин
-
41мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


