Конечно ќе се снима филм за Марвин Геј: Тој е уметникот на уметниците
„Warner Bros“ ги откупил правата за „What’s Going On“, биографски филм за култниот соул пејач Марвин Геј, кој ќе биде во режија на Ален Хјуз, а ќе биде продуциран од д-р Дре, Џими Ајвин и Ендру Лазар. Сценариото ќе биде дело на поетот-драматург Маркус Гардли.
View this post on Instagram
„Ова е толку лично за мене“, изјави Хјуз за „Deadline“. „Секој мој филм, има нешто од Марвин Геј во него, секогаш сум бил поврзан со него. Тој е уметникот на уметниците, со тој етеричен глас што излегува од небото. Кога го слушате, се чувствувате како да сте прочитале роман. Има толку богат живот во тој глас, небесен, но преполн со болка, агонија и екстаза истовремено.“
View this post on Instagram
„Сте слушнале за сите режисери со големи имиња кои се обидуваа 35 години да ги обезбедат авторските права. Ова започна со Дре, велејќи: Ајде да го направиме ова заедно, а потоа се приклучија Џими и Ендру Лазар, па почнавме да работиме на прашањето со имотот, на музичките права, „Motown“ и некои други работи што требаше да се средат, ама го завршивме тоа”, продолжува Хјуз.
View this post on Instagram
Намерата на тимот што ќе работи не е да се направи биографски колаж од песни туку да се создаде музичка одисеја и театарски елемент за животот на еден од најголемите музичари во Америка.
Филмот ќе ја прикаже приказната за неговото минато и настаните кои ја обликувале неговата незаборавна, последна турнеја. Не само што ќе ја отсликува бурната врска што ја имал со татко му, туку и ќе ги прикаже жените кои влијаеле врз кариерата на Геј и го инспирирале да ги создаде некои од најпознатите љубовни песни на сите времиња.