Конечно блиску договорот за Зиркзе
Рома сака засилувања. Џан Пјеро Гасперини го крена тимот на повисоко ниво, но за да се нападне највисоката цел потребно е дополнително да се засили составот.
Препорачано
Поради тоа, прва мета е фудбалерот на Манчестер јунајтед, Џошуа Зиркзе – играч кој нема голема минутажа во англискиот клуб и веќе неколку месеци се споменува како потенцијално големо засилување за „волчицата“ во јануарскиот преоден рок.
Во петокот се одржал состанок меѓу спортскиот директор на Рома, Масара, претставниците на Манчестер јунајтед, како и агентите на самиот играч, со цел да се постигне договор околу трансферот. Проблемот е што Рома не располага со 35 милиони евра, колку што бара Манчестер јунајтед, туку може да понуди само позајмица до крајот на сезоната во износ од 5–6 милиони евра, со опција договорот на холандскиот напаѓач да биде откупен на лето.
Доколку преговорите за Зиркзе заглават, Рома има и план Б, а тоа е Фабио Силва – фудбалер кој моментално настапува за Борусија Дортмунд. Станува збор за 23-годишен напаѓач кој не се снаоѓа најдобро во новата улога и, во случај на добра понуда, би можел да го напушти германскиот клуб.
Сепак, во овој момент сè уште ништо не е решено, а Зиркзе останува најреалната и приоритетна опција за Рома.


