Кон: Србија се затвара од сабота во 12 часот до понеделник во 6 часот

Во Србија од сабота во 12 часот до понеделник во 6 часот ќе работат само продавниците за храна, лекови и гориво, реши на денешната седница Кризниот штаб за сузбивање на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград.

Донесена е и одлука кафулињата и продавниците на ски-центрите и планините да не работат за време на викендот, додека во остатокот од земјата сите продажни објекти ќе бидат отворени до сабота напладне, а од тогаш до понеделник во 6 часот наутро ќе работат само продавници за храна, лекови и горива, соопшти епидемиологот д-р Предраг Кон.

Пред портите на корона хаосот: Нема места во болниците, вакцинираат со „распар“ вакцини Македонци доаѓаат на шопинг, што сè се случува во Врање?

Тој исто така кажа дека од понеделник средните училишта ќе се префрлат на часови преку Интернет и најави дека следните мерки поради влошување на ситуацијата со епидемијата на коровирус ќе се разгледаат на следниот состанок на Кризниот штаб закажан за вторник.

Тој оцени дека епидемиолошката ситуација не може да влијае врз вакцинацијата, која е најдобар начин за превенција против оваа болест, додавајќи дека за стекнување на колективен имунитет треба да се вакцинираат околу пет милиони жители, што преставува 80 отсто на населението во Србја. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот