Данела Арсовска - Градоначалник на Скопје - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Даниела Арсовска - Градоначалник на Скопје - Фото Слободен печат - Методи Здравев

„Комунална хигиена“ бара Арсовска итно да назначи директор: Токму вие именувавте пет и разрешивте четири директори

Откако директорот на „Комунална хигиена“ Сабахудин Рустеми заврши во притвор за купиштата ѓубре во Скопје, Управниот одбор на претпријатието испрати итен допис до градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска да назначи нов директор на претпријатието откако таа го повика Управниот одбор да именува нов директор.

-Согласно член 24, став 2, член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија и член 40 од Статутот на ЈП Комунална хигиена-Скопје (во прилог) исклучиво Вие како градоначалник на Градот Скопје имате ингеренции да именувате в.д. директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, имајќи во вид дека состојбата во Претпријатието итно го налага тоа. Би сакале да ве потсетиме и дека во текот на изминатите четири години токму Вие именувавте пет в.д.директори на ЈП Комунална хигиена-Скопје и разрешивте четири од нив – пишува во дописот.

Оттаму предупредуваат дека во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјалните комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комунален отпад, што не може да се направи без потпис на В.Д. директор.

-Доколку во најкус можен рок не назначите в.д.директор на ЈП Комунална хигиена-Скопје, одговорноста за алармантната состојба со одржувањето на хигиената во градот Скопје е Ваша. Од наведените причини, Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена-Скопје бара од вас итно да назначите нов в.д.директор кој ќе раководи со ЈП Комунална хигиена-Скопје, во насока на остварување на примарната дејност на Претпријатието, а во интерес на заштитата на животната средина и јавното здравје – се дополнува во дописот.

Приведени директорот на „Комунална хигиена Скопје“ и уште еден раководител

На него прва е потпишана претседателката на Управниот одбор Јулијана Спировска, за која Арсовска тврди дека е блиска со владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот