Општински работник во Германија косел трева и нашол златни прачки вредни 40.000 евра
Комунален работник, косејќи ја тревата на јавна површина во источногерманскиот град Баневиц, во октомври пронашол 10 златни прачки, вредни десетици илјади евра, пишува ДПА.
Препорачано
Тој уредно го пријавил златото кај локалните власти, кои официјално го објавиле изгубениот предмет и го повикале сопственикот да се јави.
Се јавиле многу луѓе, преку повик, писмо или испраќање е-пошта, но никој не можел веродостојно да ја докаже сопственоста на златото, рекол градоначалникот Хајко Версиг.
Градската управа барала од овие луѓе да ја докажат сопственоста со сметка за купување злато, сериски броеви на златните прачки или на кој било друг веродостоен начин.
Никој не можел да го стори тоа и кога, на 17 април поминале шест месеци од огласот, златото преминало во сопственост на градот.
Собранието следната недела треба да одлучи што да прави со златото, рекол Версиг. Планот засега е неочекуваниот прилив да се пренасочи кон организации за работа со млади луѓе и зачувување на традиционалните обичаи.
Златото дотогаш го чува полицијата. Според моменталната цена, златните прачки вредат околу 40.000 евра.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
36мин
-
52мин
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


