Комитите гневни по поразот на Вардар: А што мислевте не знаеме?

Навивачите ма Вардар - Комити/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалерите на Вардар денеска загубија на гостувањето во Гостивар со 2:1 со што шансите за освојување на второто место во Втората лига – Запад ги сведоа на минимум. На поразот му кумуваа и судиите кои досудија офсајд при напад на „црвено-црните“ иако еден фудбалер на Гостивар се наоѓаше во сопствениот шеснаесетник.

Спорниот момент во кој е оштетен Вардар/принтскрин

Вардар по 22 кола има 43 бода, осум помалку од второпласираната Воска и 13 од лидерот Силекс.
Поразот од Гостивар ги налути верните навивачи на Вардар „Комитите“ кои се огласија со во кое порачуваат дека знаат за „игрите“ на управата на клубот, на ФФМ, на судиите…
„ А што мислевте не знаеме?

Ние као идеме на натпревари, урламе, пееме, палиме, пиеме, се веселиме, и во позадина други лабаво си тераат агендата, а ние пошто навивачи, нели сме неразумни, индијанци, пијаници, хулигани, и нема да приметиме.

Уште од самиот почеток видовме во кој правец ќе се одвиваат нештата, и уште од самиот почеток сме свесни дека не возат. Но, уште од самиот почеток знаевме дека немаме избор, па како на шаховска партија, кога уште на средина на партијата и тој што победува знае дека победува, и тој што губи знае дека ќе изгуби, а сепак не ја предава туку ја доигруба партијата, надевајќи се дека неговиот опонент ќе направи грешка.

Овде нема грешка, Вардар не смее да се врати во прва лига, и сите си ја доигруваат својата улога во сценариото до крај, и внатре во клубот, и управа, и тренери, и газди, и над газдите газди, директори, играчи, ФФМ, службите…сите си го одигруваат својот дел. Сите глумат, само ние крвариме, и иако нам единствено ни е тешко, мачно и неподносливо, ние сме тие кои не само што дозволуваме шоуто да продолжи, туку ние самите во овој филм предодреден да има жанр – трагедија, одигруваме маестрални улоги, и сцени во еден друг филм, кој нема трагичен крај, односно има, но во трагедијата не е вовлечен Вардар, туку мастермајндите на ова штелување.

Вардар не смее да пркне, навивачите на Вардар треба да бидат депресивни, нервозни, проблематични, за потоа службите инволвирани да стапат на сцена, и да го актуелизираат “проблемот со навивачите”, во моменти кога треба да се одвлече вниманието од траорното, мрачно и безизлезно секојдневие, скандалите, и непопуларните политики.

Е сега на проблемот има друг проблем, овие Комитите не ги фаќа нешто депресија, Вардар губи, игра очајно, нема светла иднина, во клубот има поставени ликови кои не знаат како дошле таму, кај тераат, како понатаму, едноставно штама…

А ние повторно пееме, скокаме, се журкаме, на цела мака и во цело ова организирано сценарио за драма со трагичен крај, во кое знаеме дека сме втурнати, систематски се спротивставуваме, и жилаво се бориме затоа што во прашање е живот или смрт.

Такви ќе не гледате и понатаму, на ваша жал ќе бидеме уште повеќе, ќе го мобилизираме секој оној кој е спремен да живее кога револверите се вперени во нашите глави ! Секој еден кој во себеси има пркос и е спремен до коска да се бори со неправдите.

Сеете мрачни сценарија, па затоа мракот ќе дојде до вас, а нас ќе не огрее сонцето !

Ќе бидеме тука да ви се измочаме на сите вас кои манипулирате со нашите судбини, со нашите емоции, и се научивте да интервенирате секаде, да правите инженеринг, затоа што некој ве тапша по рамења и тоа ви го дозволува.

Се заебале и поголеми гоВнари од вас ! “

Резултати:
Втора лига – Запад
Тетекст – Беса 0:0
Гостивар – Вардар 2:1
Кадино – Воска 1:2
Велешта – Силекс 1:2
Охрид – Кораби 2:1

Втора лига – Исток
Каменица Саса – Пехчево 2:2
Осогово – Беласица 0:5
Локомотива Градско – Победа 1:2
Братство – Слога Виница 0:3
Детонит – Кожуф 2:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот