Комисијата за спречување дискриминација донесе препорака за заштита на бремените жени што се дискриминирани на работните места

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе Општа препорака со која, на работодавачите од јавниот и од приватниот сектор им препорачува да обезбедат доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство и да се воздржат од практики кои доведуваат до нивен нееднаков или понеповолен третман при бременост, раѓање и мајчинство во остварувањето на правата од работен однос.

Оваа препорака произлезе од фактот што, КСЗД, во повеќе предмети утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол и род во врска со бременост, раѓање и мајчинство во областа на работата и работните односи.

Согласно член 13 од Законот за спречување и заштита од дискриминација интерсекциската дискриминација се смета за потежок облик на дискриминација.

КСЗД, му препорачува и на Собранието на Република Северна Македонија да ја разгледа можноста за унапредување на законската рамка во областа на работните односи со цел зајакнување на правната заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство.

Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата има законска надлежност да го следи спроведувањето на општите препораки што ги упатува по сопствена иницијатива.

Целата препорака можете да ја видите на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот