Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Комисијата од МЗ за случајот со бебето на ГАК што го откри „Слободен печат“: Реанимацијата е спроведена според протокол

Комисијата за стручен надзор формирана од Министерството за здравство (МЗ) за случајот со починатото бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство, кој пред десетина дена го откри „Слободен печат“, констатирала дека реанимациската постапка е спроведена по протокол, информираше попладнево во соопштение Министерството за здравство.

– Комисијата, по извршениот надзор и врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот наод, заклучи дека се работи за предвремено новороденче со тешка конатална инфекција, респираторен дистрес и нарушена белодробна функција поради незрелото белодробие и инфламаторен процес во рамки на инфекција, со наод на спонтан, парцијален пнеумоторакс, радиолошки верифициран во првите часови по раѓањето – пишува во соопштението.

Скандал на ГАК: Сомнителна смрт на бебе скриена од семејството – педијатарка го реинтубирала 20 минути

Како што додаваат од МЗ, поради тежината на состојбата и посочените ризици, новороденчето е поставено на механичка вентилација четири часа по раѓањето и поради конатална инфекција веднаш е поставено на антибиотска терапија.

– Во текот на лекувањето е индицирана промена на антибиотската терапија со оглед на лабораториските наоди во прилог на септична состојба. Поради влошување на состојбата било индицирано реинтубирање од дежурен лекар поради појава на масивен десностран пнеумоторакс, итно е поставен торакален дрен и уредно е спроведена реанимациска постапка по протокол – наведуваат од Министерството.

Демантот на ГАК не е демант туку очајно обвинување на професионалното новинарство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот