Комисија за дијабетес: Апаратите и лентите за шеќер се точни и безбедни

Фото: Архива

Комисијата за дијабетес денеска одржа состанок, на кој се разговарало за реакциите на пациентите со дијабетес, во врска со новите апарати и ленти за мерење шеќер.

Националната комисија за дијабетес ги уверува пациентите за точноста и безбедноста на новите апарати. До крајот на неделата претставници од Здруженијата на дијабетичари, како и пациенти со дијабетес ќе бидат повикани на средба со министерот за здравство на која ќе им се презентира целосната документација за апаратите и лентите, како и целиот процес на набавка од МАЛМЕД и Националната комисија за дијабетес, информираат од Министерството за здравство.

Откако денеска МАЛМЕД брифираше дека глукометрите што дијабетичарите ги добија од најновиот тендер склучен со компанијата Пановски, се доставени законски, а препакувани биле во пластични ќесиња затоа што со тендерот не се барал целосниот сет туку само главниот дел – апаратот за мерење на шеќерот, Сојузот на здруженија на дијабетичари во редакцијата на „Слободен печат“ реагира дека сомнежите остануваат.

Сојузот на здруженија на дијабетичари прашува зошто сега има промена во тоа што ни беше испорачано со тендерот, кога истите ставки и во претходниот тендер беа на ист начин распишани и по истите стандарди беше распишан тендерот и две години го добивавме комплетирано цел сет во оригиналното пакување што доаѓа заедно со глукомерот, значи вклучително со пенкалото и ланцетите. Што е тоа што сега компанијата доктор Пановски го прави, за да создаде немир и вознемирување кај сите пациенти со дијабетес? И се сомневаме во квалитетот на лентите и апаратите. Имавме доказ денеска, затоа што лентите што ни се доставени, функционираат на два различни апарати и на Плусмед и на Тајсон Био. Тоа не треба да се случува по ниеден стандард, изјави за „Слободен печат“ Диме Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари. 

Претходно од МАЛМЕД брифираа дека дијабетичарите добија апаратчиња за мерење на гликемијата во пластични ќесиња а не во оригиналните кутии од производителот Тајсон Био, затоа што Министерството за здравство во тендерот не го барало целиот сет од апаратчето, туку само главниот дел – глукомерот, па затоа другите делови од сетот биле извадени, а апаратите препакувани во пластични ќесиња.

 

 

Апаратите за мерење на шеќерот доаѓаат во сет кој се состои од повеќе делови, но Министерството за здравство во тендерот не предвидува набавка на овој сет, туку само на еден од деловите во сетот – самиот апарат за мерење. Наместо секој дијабетичар да добие сет со сите потребни делови во него, тие го добиле само апаратот, кој бил препакуван во пластична ќеса, уредно увезен под царински код за електроника, а на секој апарат уште стои дека е произведен од Тајсон Био, производител од Тајван.

https://www.slobodenpecat.mk/malmed-aparatchinjata-za-merenje-shekjer-se-vo-plastichni-kjesinja-zashto-ministerstvoto-ne-go-baralo-so-tenderot-celiot-set-tuku-samo-eden-del/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот