Комбе удри во жена дојдена на погребот на 11-годишната Магдалена во Велес – и тој возач избега

Фото: ТВ24 / принтскрин

Нова сообраќајна несреќа во која е прегазен пешак се случи во Велес – и тоа токму на погребот на 11-годишното девојче Магдалена Иванова од Велес, која загина на пешачки премин во градот кога ја прегази пијан возач со „Мерцедес“. Во несреќата беше тешко повредена и мајката на девојчето.

Додека сѐ уште траел погребот, возач на комбе со струмички регистарски таблички удрил жена на улица во близина на гробиштата, по што и тој, исто како и возачот на „Мерцедесот“ кој ја усмрти Магдалена – избегал од местото на несреќата, јави ТВ 24.

Возачот на комбето по кратко време бил пронајден од полицијата и уапсен.

29-годишниот возач, кој возејќи пијан, на пешачки премин пред три дена удри во девојчето и нејзината мајка, беше уапсен откако два дена бегаше. Во автомобилот со него имало уште тројца луѓе. Обвинителството го гони велешанецот и поради тоа што не застанал да им пружи помош на жртвите, туку продолжил да вози со несмалена брзина. На возачот денеска му е одреден 30-дневен притвор, откако судот во Велес го прифати барањето на Обвинителството.

Загина 11 годишно девојче во Велес, мајката повредена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот