Колумбијците кои се осомничените за убиството на Моиз извршиле американска воена обука

Фото: EPA-EFE/JEAN MARC HERVE ABELARD

Дел од осомничените колумбиски платеници, уапсени под сомнение за убиство на претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, учествувале во американски воени обуки, изјави портпаролот на Пентагон.

„Истрагата е во тек, нема да дадеме повеќе детали во овој момент”, изјави полковник Кен Хофман за „Вашингтон пост“.

Според Пентагон, Секретаријатот за одбрана организира обуки за илјадници војници од Јужна Америка, Централна Америка и Карибите секоја година.

Претседателот на САД, Џозеф Бајден рече дека не сака воено да се меша во ситуацијата на Хаити, но дека САД ќе испратат војници да ја чуваат амбасадата. Хаитиските власти побараа американски војници да дојдат во земјата, а истото барање беше испратено до ОН.

Хуан Гонзалес, член на Советот за национална безбедност на Белата куќа, кој го посети Порт-о-Пренс по ликвидацијата, откри како САД помагаат во истрагата.

„Досега осум агенти на ФБИ се на терен. Постојат и претставници на Секретаријатот за внатрешна безбедност, кои помагаат да се открие оружје, да се најдат мобилни телефони, се што е потребно за да се открие целосно кој е одговорен за убиството”.

Хаитската полиција досега уапси двајца Американци од Хаити, а Гонзалес изјави дека САД се подготвени да им судат доколку се виновни. Тој додаде дека полицијата во Флорида, од каде потекнуваат двајцата Американци, исто така соработува во истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот