Коло Муани: Шпанија е една од најдобрите репрезентации на ЕП, но не се плашиме
Во вторник (9 јули) од 21.00 часот ќе се игра првото полуфинале на Европското првенство помеѓу фудбалските репрезентации на Шпанија и Франција.
Препорачано
Фудбалерите на Франција успеаја да се пласираат во полуфиналето на Европското првенство, каде што ги очекува дуел со Шпанија, која покажа најдобар фудбал во досегашниот дел од натпреварувањето, но тоа не го загрижува напаѓачот на Французите, Рандал Коло Муани.
– Тие се еден од најдобрите тимови во првенството, играат многу добар фудбал. Секој ривал станува покомплициран како што напредувате. Нико Вилијамс и Ламин Јамал се многу добри играчи, но и ние. Не можам да кажам дека се плашиме од нив – изјави играчот на ПСЖ на прес-конференцијата.
За разлика од шпанското дуо, Килијан Мбапе не може да се пофали со најдобрите игри, но сепак е лидер во соблекувалната.
– Да го имаш како капитен во тимот е нешто друго, тоа е природно за него. Тој им дава идеи и совети на тренерите и играчите. Помина низ многу и мислам дека е роден да ја води групата напред, гледам дека е подготвен за игра и со скршен нос – заврши Коло Муани.
Де Ла Фуенте пред мечот со Франција: Мора да имаме поголема контрола на играта, да бидеме поефикасни


