Де Ла Фуенте пред мечот со Франција: Мора да имаме поголема контрола на играта, да бидеме поефикасни
Во вторник (9 јули) од 21.00 часот ќе се игра првото полуфинале на Европското првенство помеѓу фудбалските репрезентации на Шпанија и Франција.
Препорачано
Најголема закана за шпанскиот тим на претстојниот натпревар се очекува да биде Килијан Мбапе, иако не игра на очекуваното ниво.
Како резултат на нешто послабите изданија, селекторот на Шпанија Луис де ла Фуенте ја гледа маската што ја носи новиот играч на Реал по скршеницата на носот.
– Луѓето треба да знаат дека маската на Мбапе е прилично рестриктивна. Имавме сличен случај со Ле Норман и тој не дишеше нормално, беше многу уморен и имаше проблеми со мускулите. Најдобрата верзија на Мбапе допрва треба да се види. Секако ограничен од она што се случи на првиот натпревар, но има огромен потенцијал – вели селекторот на Шпанија.
На крајот откри дека нема премногу да го менува играчкиот план, како и формацијата за полуфиналниот меч:
– Немам намера да измислувам ништо против Франција. Обично ми се допаѓа секој играч да игра на позицијата каде што се чувствува најдобро. Натпреварот против Германија беше фантастичен, но мора да притискаме подобро, да имаме поголема контрола, подобро да ги искористиме шансите, да бидеме поефикасни – рече Де ла Фуенте.


