„Колку заработи Жељко од концертот?“ Саша Поповиќ ја „боцна“ сопругата на Јоксимовиќ, а таа му одговори како од топ! (ФОТО)

Фото: Принтскрин

Саша Поповиќ (66) гостуваше во „Утрински програм“ на Прва телевизија, каде откри што се случува со снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, а потоа и ја „боцна“ Јована Јоксимовиќ поради нејзиниот сопруг, популарниот Жељко Јоксимовиќ.

Саша на почетокот на емисијата откри како и дали продукцијата „Гранд“ ќе продолжи со својот проект „Ѕвездите на Гранд“, со оглед на тоа дека епидемијата на коронавирус и карантинот кој беше задолжителен до неодамна, тие морале да прекинат со снимање.

Со оглед на состојбата, Поповиќ и неговиот тим одлучиле снимањето да го продолжи дури на есен оваа година, односно кога треба да почне и новата сезона.

 

View this post on Instagram

 

Gledajte @zvezdegranda na Prva tv, Obn i Kanal 5 subotom od 21h. #zvezdegranda

A post shared by Sasa Popovic ? (@sasa_popovic_grand) on

– Ќе додадеме некои нови натпреварувачи, некои ќе ги вратиме и една сезона всушност ќе трае две. Жал ќе ми беше ако ја брзавме оваа сезона – кажал Саша во утринската програма.

Како ќе изгледа сега тоа, замисли кога ќе ставиш плексиглас помеѓу жирито, се губи тој интимен контакт, се создава бариера помеѓу нив – ја интересирало Јована.

– Мислам дека тука нема да има никакви проблеми, мислам дека е доволна една мала искра, коментар за да се направи шоу. Ние инаку иамвме група „Жири на Ѕвездите на Гранд“, праќавме клипови, секое утро пишуваме „добро утро“, кој е буден, кој што прави“ – рекол Саша.

Тие двајца потоа преминаа на други естрадни  теми, а она што последните недели најмногу се коментираше, се откажаните настапи на пејачите и тешкиот период кој ги чека луѓето кои се занимаваат со оваа професија.

Со оглед на тоа дека се откажаа многу концерти, па поголемиот дел од пејачите одлучија да одржат онлајн-концерти за својата публика, а тоа не им донесе некоја заработувачка, а еден од нив е ѝ сопругот на Јована, Жељко.

– Колку заработи Жељко од концертот – ја праша Саша водителката.

 

View this post on Instagram

 

Prava mera ? #saintjohnsvoda #zedni @saint_johns_voda

A post shared by Jovana Joksimovic (@jjovanajoksimovic) on

Јована веднаш дала одговор на ова прашање, а со тоа му дала до знаење на Саша дека ја боли глава од такви прашања.

– Нервите ги изгубивме поради тој концерт, токму поради прашањата колку заработил. Ништо не заработи, дури и даде од свој џеб – низ смеа кажала Јована.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот