Колкава е ефикасноста на ракетите „сторм шедоу“ и зошто се тие клучни за Киев?
Киев долго време се обидуваше да добе дозвола за користење на западно оружје со долг дострел против Русија што Москва веќе презеде мерки на претпазливост во случај тие забрани да бидат укинати. Постојат силни индикации дека САД и Велика Британија се подготвуваат за неколку дена да ја укинат забраната за Украина да користи ракети со долг дострел против цели во Русија.
Украина веќе има залихи од овие проектили, но е ограничена на нивна употреба исклучиво против руските непријателски цели во сопствените граници, односно засега не смее да делува на руска територија. Киев со недели бара дозвола од западните сојузници кои им ги донираа овие ракети, да се укинат тие ограничувања за да може да таргетираат цели во Русија.
Се поставува отворено прашањето зошто Западот се двоуми и што би можеле да значи употребата на овие проектили и во каква насока може да го насочи текот на војната?
Што е „сторм шедоу“?
„Storm Shadow“ е англо-француска крстосувачка ракета со максимален дострел од околу 250 километри. Французите го нарекуваат „скалп“. Велика Британија и Франција веќе ги испратија овие проектили во Украина – но со предупредување дека Киев може да цели само на цели во сопствените граници.
Тие се фрлаат од авион и потоа полека летаат со брзина на звукот, внимателно следејќи го теренот, пред да се спуштат и да активираат боева глава со голема експлозивна сила.
„ Сторм Шедоу“ се смета за идеално оружје за пробивање на утврдени бункери и складишта за муниција, како оние што ги користи Русија во војната против Украина. Но, секој проектил чини речиси 1 милион американски долари, па затоа тие обично се користат како дел од внимателно планираните напади од многу поевтини дронови, испратени однапред за да се збуни и замори непријателската противвоздушна одбрана, како што прави Русија со Украина.
Тие беа искористени со одлични резултати, кога беше погодено седиштето на руската морнарица на Црното Море во Севастопол, што го направи Крим небезбеден за руската морнарица.
Џастин Крамп, воен аналитичар, поранешен офицер на британската армија вели дека „„сторм шедоу“се покажала како многу ефикасно оружје за Украина, прецизно погодувајќи добро заштитени цели на окупираната територија.
„Не е изненадувачки што Киев бараше негова употреба во Русија, особено за да ги гаѓа аеродромите што се користат за напади со крстосувачки бомби, бидејќи тие неодамна го попречуваа упадот на украинската линија на фронтот“, вели тој.
Зошто Украина ги бара токму сега?
Украинските градови и првата линија на фронтот беа цел на секојдневни руски бомбардирања. Многу од ракетите и крстаречките бомби кои предизвикуваат хаос на воените пунктови, станбените блокови и болниците се истрелани од руски авиони длабоко во самата Русија.
Киев се жали дека поради тоа што не му е дозволено да ги таргетира базите од кои се изведуваат овие напади, изгледа дека е принуден да ја води оваа војна со едната рака врзана зад грб, што ги прави прави руските воени воздушни бази да бидат подобро заштитени од украинските цивили.
Украина има развиено своја иновативна и ефикасна програма за беспилотни летала со долг дострел. Нападите со беспилотни летала повремено успеваат да ги изненадат Русите неподготвени за одбрана и да стигнат до стотици километри внатре во Русија.
Но, тие можат да носат само мал товар експлозив и повеќето од нив се откриени и пресретнати. Киев тврди дека доколку сака да ги потисне и неутрализира руските воздушни напади, му требаат ракети со долг дострел, меѓу кои и „сторм шедоу “, но и слични системи, меѓу кои и американскиот ATAKMS, кој има уште поголем дострел од 300 километри.
Зошто Западот досега се двоумеше да дозволи употреба на овие проектили?
Вашингтон е загрижен дека иако сите загрозени црвени граници на Владимир Путин досега се покажаа како празни блефови, сепак доколку и даде дозвола на Украина да погоди цели длабоко во руската територија со проектили испратени од Западот, ќе доведе до ексалација и ќе отвори можност Русија жестоко да возврати.
Стравот во Белата куќа е дека тврдокорните во Кремљ би можеле да инсистираат одмаздата да биде во форма на напади на транзитни точки за ракетите на пат кон Украина, како што е воздухопловната база во Полска.
Доколку дојде до ова сценарио, западот ќе биде принуден да се повика членот 5 на НАТО, што би значело дека алијансата е во војна со Русија.
Уште од почетокот на целосната инвазија на Русија на Украина на 24 февруари 2022 година, целта на Белата куќа беше да му обезбеди на Киев што е можно поголема поддршка без да биде вовлечен во директен конфликт со Москва, што може да послужи како увертира за незамисливо: катастрофална размена на оган со нуклеарно оружје.
Сепак, Белата куќа ја обврза Украина да користи ракети испратени од Запад против цели на Крим и четири делумни области незаконски анектирани од Русија во 2022 година.
И додека Москва ги смета овие региони како дел од сопствената територија, ниту САД ниту меѓународната заедница не го признаваат тоа право.
Што би можеле да сменат проектилите?
Многумина сметаат дека помошта и дозволата за употреба на овие проектили е дојдена „доцна, и премалку премалку“.
Киев долго време се обидуваше да издејствува дозвола за користење на западното оружје со долг дострел во Русија што и остави простор на Москва навремено да презеде мерки на претпазливост во случај тие забрани да бидат укинати.
Ги премести бомбардерите, ракетите и дел од инфраструктурата што ги поддржува подлабоко на руска територија вон дометот на овие проектили , подалеку од границата со Украина и надвор од опсегот на „сторм шедоу“.
Сепак, дел од воените аналитичари наведуваат и дека иако руската воздушна одбрана оттогаш еволуирала за да се спротивстави на заканата од „сторм шедоу“ во самата Украина, таа задача ќе биде многу потешка со оглед на обемот на руската територија што сега може да биде нападната.
„Тоа ќе ја отежне воената логистика, командата и контролата и воздушната поддршка, па дури и ако руските авиони се повлечат подлабоко зад границите на Украина за да ја избегнат ракетната закана, тие сепак ќе се соочат со губење на време и повисоки трошоци по првиот напад.на „линијата на фронтот“.
Метју Савил, директор за воена наука во кралскиот Институт на заеднички служби, верува дека укинувањето на забраната ќе донесе две главни придобивки за Украина.
Прво, може да „отклучи“ друг систем, ATAKMS. Второ, ќе претставува дилема за Русија каде да ја постави таа скапоцена противвоздушна одбрана, за која тврди дека ќе го олесни упадот на украинските беспилотни летала.
Кога сè е кажано и направено, сторм шедоу веројатно нема да го промени текот на војната, заклучува Савил.