Која е тајната на розовиот мраз на италијанските Алпи, научниците со шокантни сознанија (ВИДЕО)

epa07885473 A general view of the Planpinceux glacier, on the Mont Blanc, threatening the village of Planpinceux, which was evacuated as a precaution for fears of an imminent landslide of the glacier, in Valle d'Aosta, northwest Italy, 01 October 2019. Last night there was a collapse of about 5,000 cubic meters. Italian authorities on 24 September have warned of a potential collapse of the Planpincieux Glacier, and preventatively ordered the closure of the roads in the Val Ferret and evacuated mountain huts on the Italian side of the Mont Blanc. EPA-EFE/RICCARDO DALLE LUCHE

Туристите на глечерот жалат поради влијанието на климатските промени и велат дека оваа година уште само алги на Алпите фалеле, што се што доживеа човештвото.

Научниците во Италија го истражуваат изгледот на розовиот мраз пронајден во Алпите и сметаат дека причина за тоа се алгите кои се појавиле поради климатските промени.

Се расправа за тоа од каде потекнуваат алгите, но Бијаџо ди Мауро од италијанскиот Национален совет за истражување вели дека розовиот снег, кој е забележан на делови од глечерот Пресен, веројатно е обоен од истото растение кое е пронајдено на Гренланд, пренесува АФП.

„Алгите не се опасни. Тоа е природна појава која се јавува во текот на пролетта и летото на средните географски ширини, но и на половите“, рече Ди Мауро, кој и претходно ги проучувал алгите на глечерот Мортерахт во Швајцарија.

Растението познато како Ancylonema nordenskioeldii, е присутно во таканаречената Мрачна зона на Гренланд, каде што се топи мразот.

Мразот обично одбива повеќе од 80 проценти од сончевото зрачење и го испраќа во атмосферата, но како што се јавуваат алгите, тие го затемнуваат мразот и така ја апсорбираат топлината и побрзо се топи.

Ако мразот брзо се топи, се појавуваат повеќе алги, што им дава вода и воздух и додава црвена нијанса на белиот мраз на глечерот Пазо гавија, кој е на надморска височина од 2.618 метри.

„Се што ќе успее да го потемни снегот ќе направи тој побрзо да се топи зошто ја забрзува апсорпцијата на радијацијата“, рече Ди Мауро.

„Се обидуваме да го намалиме влијанието на другите појави, покрај човечката, на загревањето на Земјата“, рече Ди Мауро, напоменувајќи дека присуството на планинари и жичари може да влијае и на алгите.

Туристите на глечерот жалат поради влијанието на климатските промени и велат дека оваа година уште само алги на Алпите фалеле, што се што доживеа човештвото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот