Кој од кој побогат: Кој е зетот на Бил Гејтс?

Кој е човекот кој се ожени со ќерката на основачот на Мајкрософт, некогашниот најбогат човек на светот?

Џенифер, ќерката на Бил и Мелинда Гејтс, пред две недели се венчаше со Најел Насер. Раскошната церемонија чинела дури 2 милиони долари. Според извори, венчавката се одвивала на имотот на Бил Гејтс, кој вреди ни повеќе ни помалку, туку 16 милиони долари.

И како што обично бива, медиумите беа заинтересирани за типот на фустан кој го носеше невестата, кога го изговорила „судбоносното да“, и одговорите ги добија брзо, сепак очите на светот сега се вперени во младоженецот, односно зетот на Бил Гејтс кој уште не е во центарот на случувањата во јавноста.

Кој е всушност овој човек?

Најел Насар е роден во Америка, 1991, како дете на Фуад Насар и Иман Хабри, сопственици на компанија која се занимава со архитектура и дизајн на ентериер.  Според „People“, богатството на ова семејство се проценува на околу 100 милиони долари. Најел притоа се занимава со јавање коњи уште во почетокот на своето најрано детство во Кувајт. Оваа страст растела до таму што во 2011 добива Гран При на трките во Абу Даби.
Тие не се само сопружници, туку и бизнис партнери. И двајцата завршиле на Универзитетот Стенфорд, со што тој е дипломиран економист, а таа има диплома по биологија. Гејтс во многу наврати изјави дека нивното запознавање било поврзано со љубовта кон јавањето коњи.

Џенифер Гејтс
EPA-EFE/Víctor Lerena

„Коњите се само еден дел од нашите животи, но и двајцата го сакаме тој спорт. Тој е професионалец, јас сум аматер. Неверојатно е што можеме заеднички да ја уживаме страста и љубовта кон коњите – изјави Џенифер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот