Кој е Христијан Пендиков, претепаниот охриѓанец за кој цела јавност зборува

Христијан Пендиков во Крушево/ ФОТО, Фејсбук

Од горд Македонец до истакнат Бугарин, македонски патриот, волонтер, нарко дилер, жртва или политички профитер? Ова се дел од лицата на Христијан Пендиков, претепаниот охриѓанец кој веќе на 23 години има богата биографија и од неодамна заврши со три скршеници на вилицата во бугарска болница.

Христијан Пендиков со европратеникот Ангел Џамбаски/ ФОТО Фејсбук

Според она што го објавил самиот на социјалните мрежи, Пендиков бил член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во минатото, активно учествувал во протестите против промената на уставното име, застанал во одбрана на извршителите на нападот на Собранието на 27 април.

Младиод охриѓанец кој сега се преставува како Бугарин во минатото го постирал Гоце Делчев со изјавата дека во „Македонија се говори и се пишува на македонски јазик“. Истиот тој кој сега е нанасловните страни на бугарските портали во минатото споделувал содржина и порачувал во постови на социјалните мрежи дека „Македонија е пред сѐ и над сѐ“, дека „Македонија е сѐ што имаме, друга татковина немаме“ . Охриѓанецот во својата биографија му е впишано и тоа дека тој и општествено одговорен и дури бил прогласен за волонтер на месецот на Црвен крст во Македонија.

 

Објава од социјалните мрежи Христијан Пендиков,

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот