Кој бил Васа според кој познатата Васина торта го добила името?

принтскрин/Youtube

Васината торта е омилен десерт на многу генерации во регионот. Но дали некогаш сте се прашале – Кој бил тој Васа?

Кулинарите велат дека најстариот рецепт за оваа торта потекнува од 1908 година од Парачин.
Според приказната, таму живеел извесен Васа Чокрљан и токму тој е главниот актер на приказната за тортата.

Неговата сопруга Јелена била со нежно здравје и кога забременила, локалниот доктор му соопштил на семејството дека породувањето може да го загрози и нејзиниот живот и животот на детето.

Сепак, Васа не очајувал. Почнал за сопругата да ги бара најдобрите доктори, а патот го одвел дури до Виена. На крајот, неговата љубов и вниманието се исплатело – Јелена на свет донела здраво дете, а и таа набрзо се опоравила.

Во чест на пожртвуваниот Васа, мајката на Јелена направила торта и ја нарекла по зетот. И сè до денес, таа торта останала Васина торта.

Еве го и рецептот за овој вкусен десерт.

КОРА

6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици мелени ореви
2 лажици брашно

ФИЛ

300 г мелени ореви
50 мл врело млеко
150 г шеќер во прав
кора и сок од еден портокал
5 штангли црно чоколадо
200 г путер
4 лажици шеќер

Пена од белки

15 лажици шеќер
1 шолја вода
4 белки

ПОДГОТОВКА

Кора

Со миксер изматете ги белките, па пред крај постепено додавајте една по една лажица шеќер со постојано матење додека не се формира цврст снег. Додајте ги жолчките една по една, а потоа брашното и оревите и се заедно промешајте.

Обложете го калапот за печење со пречник 26 см со хартија за печење, ставете ја подготвената смеса во претходно загреана рерна на 20 степени и печете околу 15-20 минути.

Оставете кората да се олади, а потоа на неа ставете го сокот од портокал.

Фил

Оревите попарете ги со врелото млеко, додајте ги шеќерот во прав и путерот и се заедно соединете.

Потоа додајте ги растопеното чоколадо и ренданата кора од портокал.

Посебно пенасто измаетете ги жолчките со шеќерот и измешајте ги со смесата со ореви.

Со филот филувајте ја кората, а врз него ставете пена од белки.

Пена од белки

Ставете да зовријат шеќерот и водата, а потоа постојано додавајте го снегот од четирите белки со постојано мешање додека масата не се олади.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот