Мереска конечно се насмевна – Кол Палмер се враќа за градското дерби
Навивачите на Челси конечно ја дочекаа веста што ја посакуваа – Кол Палмер ќе биде подготвен за големото дерби против Арсенал во 13. коло од Премиер лигата.
Препорачано
Еден од најважните играчи на „сините“ не беше на терен од 20 септември, кога Челси беше поразен од Манчестер јунајтед. Младата ѕвезда потоа пропушти два месеци поради повреда на ножниот прст.
И покрај неговото отсуство, тимот на Енцо Мереска оствари солидни резултати и загуби само два дуели во шампионатот. Затоа Челси го дочекува дербито со лидерот Арсенал со само шест бодови негатива.
Менџерот Мереска ја потврди веста која ги изненади многумина:
„Подготвен е и сите сме среќни поради тоа. Среќни се и неговите соиграчи, но најважно е што тој самиот е среќен – фудбалерите живеат за да тренираат и играат натпревари“, изјави Мереска пред дуелот што се игра во недела од 17:30 на „Стенфорд Бриџ“.
Палмер сезонава одигра само три премиерлигашки натпревари и постигна еден гол, а неговото враќање доаѓа во клучен момент – Челси го очекуваат три тешки натпревари во првата третина од декември.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
1час
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


