Кои лица треба да го избегнуваат ѓумбирот?

Овој лековит корен не е подеднакво погоден за сите луѓе. Некои групи на луѓе би требало да го избегнуваат…

Ѓумбирот често се нарекува и „универзален“ лек и за него се вели дека делува превентивно на многу здравствени тешкотии, вклучувајќи ги и најтешките заболувања.

Тој уште многу одамна се користи во медицинските цели, пред се поради своите антисептички својства.

Меѓутоа, овој лековит корен не е еднакво погоден за сите. Некои групи на луѓе би требало да го избегнуваат.

Трудници

Ѓумбирот содржи моќни стимуланси кои можат да доведат до прерани контракции. Трудниците особено треба да го избегнуваат во последните недели од бременоста.

Лица кои сакаат да се здебелат

Ѓумбирот е идеална намирнца за луѓето кои сакаат да ослабат, бидејќи го намалува апетитот и помага во елиминирањето на мастите. Од друга страна, оние кои се обидуваат да добијат некое кило треба да го избегнуваат, а исто така да ги избегнуваат и суплементите на база на овој корен.

Луѓе со пореметувања на крвта

Ѓумбирот ја забрзува циркулацијата, што генерално е добра работа, но не за оние кои имаат пореметувања на крвта како што е хемофилија. Во таквите случаи оваа билка може да ја влоши состојбата.

Луѓето кои пијат лекови за дијабетес и притисок

Доколку пиете лекови за регулирање на притисокот или дијабетес, спаѓате во посебно ризичната група кога станува збор за консумацијата на ѓумбирот, бидејќи оваа намирница може да влијае на тоа како лековите ќе делуваат на вашиот организам. Особено е ризично да го комбинирате ѓумбирот со антикоагуланти, бета-блокатори и лекови на база на инсулин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот