Фото: Anton Starikov / Alamy / Alamy / Profimedia

Кога треба да ги фрлите пластичните садови за складирање храна?

Без разлика на тоа дали ги сакате или мразите, веројатно имате куп пластични садови за складирање храна некаде во вашата кујна. Тие контејнери се бескрајно корисни за складирање на остатоци или држење свежо измиен зеленчук додека не сте подготвени да готвите, но пластичните садови исто така можат да придонесат за бескраен неред во вашата кујна, а да не зборуваме за фактот дека тие имаат рок на траење. Но, како да знаете кога вашите го достигнале крајот и кога треба да ги замените?

Пластичните садови за складирање храна често траат помеѓу пет и десет години, што ги прави прилично добра инвестиција со оглед на нивната ниска цена, пишува „House Digest“.

Ако не можете да се сетите колку е стар вашиот пластичен сад или од каде сте го набавиле, веројатно е во ваш најдобар интерес да се ослободите од него.

Покрај тоа што пластиката се расипува по долга употреба, таа се оштетува и од миењето во машина за садови или редовно загревањето во микробранова печка. Покај ова, постарите садови произведени од Tupperware и конкурентите содржеле Бисфенол А (BPA).

Оваа хемикалија, поврзана со бројни здравствени проблеми, е повлечена од употреба во многу пластични садови.

Покрај ризикот од БПА, пластичните садови на вашата баба може да содржат дури и олово, жива или други токсични соединенија.

Постарите пластични садови може да почнат да се распаѓаат со текот на времето, што ги прави помалку безбедни за употреба отколку што биле во моментот на купувањето.

Други знаци дека треба да го фрлите вашиот сад вклучуваат видливо абење, како што се гребнатини или дамки од претходните оброци што сте ги складирале внатре (ова вклучува пластични садови за еднократна употреба од испораката, кои често се користат повторно).

Присуството на непријатни мириси е исто така предупредувачки знак кој може да укаже на присуство на бактерии. Дополнително, пластичните садови кои се искривени или деформирани во машината за миење садови или микробрановата печка треба веднаш да се рециклираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот