Ленче Ристоска / Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

„Кога кандидат однапред се исклучува, значи примарна е подобноста, а не компетентноста“ – Ристоска му врати на Мицкоски

Обвинителката Ленче Ристоска денеска реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски,  кој синоќа на гостувањето во телевизијата Канал5, рече дека таа апсолутно не е во игра за избор на нов државен јавен обвинител. Според Ристоска, „кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат“.

„Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност. Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека без разлика на компетентноста, подобноста е примарна — а тоа не е патот по кој треба да се движи едно демократско општество“, реагира Ристоска.

Мицкоски синоќа рече дека Ристоска единствена испаднала од владиниот список на кандидати за нов државен јавен обвинител.

Мицкоски вели дека само Ленче Ристоска испаднала од владиниот список за нов државен обвинител – Слободен печат

„Апсолутно не се сите во игра. Мојот став поврзан со тоа име е апсолутно дека тоа име не е во игра. Па еве, искатализиравме барем некаков одговор, од четворица, тројца се во игра.“

Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење за четворица од петте кандидати за државен јавен обвинител. Позитивно мислење добија сегашната в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ. За кандидатурата на Владимир Панчевски Советот едногласно одлучи дека тој не ги исполнува условите предвидени со законот во однос на работниот стаж.

Панчевски формално нема да поднесе кривична – „институциите по допрен глас треба да се самоуапсат!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот