Фото: илустрација/pixnio

„Код“: Американските истражители „чешлаат“ сомнителни зделки со земјиште на актуелен функционер

Американските истражители на корупција на македонските функционери, чие присусто во земјава минатата недела го откри амбасадорката Анџела Агелер, пристигнале пред околу две недели, а во „тимот за санкции“ се двајца искусни експерти за следење на потенцијалните кандидати за американски „црни листи“ на луѓе финансиски санкционирани од Вашингтон, објави „Телма“.

Според сознанијата на „Код“, тимот има логистичка поддршка од амбасадата на Кале, а на терен истражителите ги придружува „дипломатски претставник за владеење на правото и стручна помош“. Истражителите се дел од ОФАК – оддел на американското Министерство за финанции задолжен за контрола на имоти во странство.

За Американците, интересен бил случајот со поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поради спогодбата со Обвинителството и пресудената конфискација на имот во вреност од околу 36 милиони евра. Но се проверува и начинот како е стигнато до спогодбата со обвинителството и како апелациониот суд поништи пресуда за корупцијата во случајот Трезор со што на Мијалков му е укината 8-годишна затворска казна.

Според информациите на КОД, проверката на досието на Мијалков веќе е завршена. Покрај во предметот „Империја“, интерес за американските стручни лица веќе неколку години предизвикува и неуспешната конфискација на „Трансмет“ – компанијата на Сеат Кочан, односно случајот „Труст“.

Американците сега проверуваат наводи за корупција на долгогодишен избран функционер од редовите на актуелната власт, а се испитуваат повеќе зделки со државно земјиште во Скопје, склучени од негова фирма, открива „Код“.

Американски тим за санкции ќе истражува корупција кај функционери во Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот