Коцевски поднесе оставка пред да успеат да го разрешат
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, чие разрешување беше ставено на дневен ред на денешната собраниска седница, соопшти дека поднесува неотповиклива оставка.
Препорачано
„Во овие речиси две години работев чесно и професионално и сум горд на тоа но и разочаран затоа што нема правна основа“ – рече Коцевски.
– Доказ за тоа е што што дури денеска на само еден час пред закажаниот почеток ми беше доставена покана да присуствувам на седницата на Собранието на која ќе се расправа за мое разрешување. Предлогот за разрешување воопшто не ми е доставен така да не знам на знам на што треба да се произнесам – рече Коцевски.
За денешната собраниската седница кажа дека е очигледно оти требало да претставува само формалност, бидејќи не му бил оставен разумен рок за да подготви соодветно обраќање.
– Тоа е така затоа што е јасно дека станува збор за предлог кој не е заснован ниту на закон, ниту на факти туку претставува опасен преседан со далекусежни последици по независноста на јавното обвинителство – рече Коцевски.
Од сознанијата што ги има, предлогот за негово разрешување рече дека содржел само три реда, од кои ниту еден со соодветно образложение или аргументирана поткрепа.
– Државниот јавен обвинител може да биде разрешен само доколку се утврди дека сторил тешка дисциплинска повреда. Тоа е така, не заради заштита на Љупчо Коцевски или било кој што ќе дојде на функцијата, туку заради заштита на самостојноста на ЈО и начелото на поделба на власта, принципи кои денеска се длабоко нарушени… -рече меѓу другото Коцевски.
По речиси една година од најавата, разрешувањето на Коцевски конечно денеска ќе се најде на дневен ред пред пратениците. Владата минатата недела го усвои предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител „поради направени крупни професионални грешки при раководењето со Јавното обвинителство, што доведува до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО“.


