Книжевен мозаик: „Магор“ објави десет европски автори

Издавачката куќа „Магор“ на Саемот на книга 2020 ја промовираше својата книжевна едиција „Европски книжевен мозаик“. Едицијата содржи десет книжевни дела од европски автори, меѓу нив и добитници на наградата за литература на ЕУ, со жанровска разноликост – романи, романи за млади, детски книги и драмски текстови.

Меѓу насловите во едицијата се „На/полу“ од Јасмин Б. Фрелих, „Година на бегалците“ од Санџив Сахота, „Егзодус на штркови“ од Валид Набан, „Камено дрво“ од Гирдир Елиасон, „Во морето има крокодили“ од Фабио Џеда, „Кратка проза“ од Димитру Цепенеаг, „Пет драми“ од Миро Гавран, „Пернички раскази“ од Здравка Евтимова, „Бертик и душкалото“ од Петра Соукупова и „Иселеници“ од Б. Г. Зебалд.

Проектот е поддржан од Извршната агенција за култура на ЕУ – ЕАЦЕА и Министерството за култура на РСМ.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 49, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 19-20 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот