Клуге: На добар пат сме да се спречи пандемијата

Commissioner Kyriakides attends the Meeting between Minister Speranza, WHO Europe Director Hans Kluge and ECDC Director Andrea Ammon

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге денеска во Сараево рече дека тој е „претпазлив оптимист” и верува дека светот е на добар пат да ја спречи пандемијата на коронавирусот, но предупреди дека не треба да се брза со укинување на мерките.

Директорот на Светската здравствена организација за Европа, Ханс Клуге денеска во Сараево рече дека тој е „претпазлив оптимист” и верува дека светот е на добар пат да ја спречи пандемијата на коронавирусот, но предупреди дека не треба да се брза со укинување на мерките.

– Јас сум претпазлив оптимист, мислам дека ја гледаме светлината на крајот од тунелот, изјави Клуге  по состанокот со претставниците на Босна и Херцеговина, со кои разговараше за борбата против инфекцијата во земјата.

Клуге предупреди дека сепак е потребно да се задржи претпазливоста, бидејќи се уште не е постигнат целосен успех, поради што мерките за ограничување треба да останат уште некое време за инфекцијата повторно да не се прошири неконтролирано.

– Она што се случи во Индија, може да се случи насекаде. Ако имате масовни собири и нагло укинување на мерките, со продирање на нови варијанти на вирусот, проблемот лесно ќе се врати, рече Клуге.

Тој најави дека СЗО ќе стори се што е во нејзина моќ да го забрза производството и дистрибуцијата на вакцините, што, како што рече, е најдобар начин да се стави крај на пандемијата.

Клуге призна дека почетокот на вакцинацијата е неочекувано бавен, но додаде дека ова не е „рутинска имунизација” затоа што обично се потребни од пет до седум години за да се развијат безбедни вакцини и дека е историски успех што за една година се развиени пет безбедни вакцини.

 Според него, властите во БиХ добро ја координирале борбата против Ковид-19 и очекува дека тоа ефективно ќе придонесе за спроведување на стратешката визија за здравствените приоритети во следните четири години. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот