Клуб од Бахреин беше блиску до сензација против Кјелце на Супер Глоуб

Фото: Industria Kielce

Иако влегоа како голем фаворит, ракометарите на Кјелце сериозно се изнамачија против Ал-Најма од Бахреин на стартот на Супер Глоуб турнирот (27:26).

Натпреварот од групата Б понуди голема драма и малку фалеше за големо изненадување. Во драматичен финиш полскиот тим успеа да победи.

Бахреинците започнаа одлично и први имаа минимално водство, меѓутоа се играше егал. Кјелце успеа пред крајот на полувремето да ја наметне својата игра, па на паузата замина со четири гола предност (17:13).

Стартот од второто полувреме ја донесе најголемата предност која ја имаа избраниците на Талант Душебев (пет гола), меѓутоа Ал-Најма не се откажа. Со неколку мини-серии се врати во мечот и натпреварот влезе во трилер завршница.

Пред крајот Бахреинците водеа со 25:26, но Кјелце со својот квалитет и искуство во последните моменти обезбеди минимална победа.

Дел од истата група со Кјлеце е и Сран Франциско кој утре ќе се сретне со Ал-Најма, а во четврток со Кјелце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот