Клоп го губи трпението, носи нов тандем од Вулфс

twitter/Isports

Менаџерот на Ливерпул инсистира на управата да ги купи двајцата фудбалери на Вулверфемптон.

Ливерпул се наоѓа пред освојување на титулата, потребни му се само шест бода во преостанатите девет кола, а менаџерот Јирген Клоп полека се подготвува за наредната сезона.

„Црвените“ останаа без Вернер кој ќе потпише за Челси, но оптимизам за Клоп внесуваат информациите од САД,поточно од сопствениците на клубот кои увидоа дека не смеат да бидат неактивни на трансфер пазарот и ќе обезбедат буџет за засилувања, но исто така сакаат да се ослободат од играчите кои имаат мала минутажа или не ја искористија укажаната шанса.

На лето сигурно си заминуваат Џердан Шаќири и Наби Кеита, а последните информации од Ливерпул се дека на излезни врати е и Џорџино Вајналдум. Причината за ова е одбивањето на Вајналдум да потпише нов договор, Клоп го губи трпението и му најавил на неговиот агент дека е подготвен да го продаде.

Во случај на негова продажба, Ливерпул ќе биде драстично ослабен во средниот ред и затоа Клоп инсистира на купување на двоецот од Вулверхемптон, Адама Траоре и Рубен Невеш.

Веќе се направени контакти за купување на Траоре, се споменува сума од 60 милиони евра која Ливерпл според последните најави е подготвен да ја плати.

Од друга страна, Рубен Невеш во 2017 година пристигна во Вулверхемптон за 20 милиони евра, но се покажа како одлично засилување за англискиот тим и во замислите на Клоп тој би бил идеално освежување во средниот ред.

Според информациите од Англија, Вулверхемптон е подготвен да го продаде својот тандем за сума од 120 милиони евра, а Ливерпул ќе се обиде да ја намали оваа сума со вметнување на некој фудбалер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот