Климатските промени погубни за пчелите, се намалува производството на мед (ВИДЕО)

Скопје, 24 септември 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Ако порано граѓаните имаа навика да купуваат само мед, последниве години се зголемува свеста и за останатите пчелни производи, што придонесува да се зголеми продажбата и на матичниот млеч, цветниот прав, био медот, прополисот и пергата.

Од вчера во Скопје, на улица Македонија се одржува традиционалната манифестација „Денови на македонскиот мед“, во рамки на која пчелари од цела Македонија, гордо ги претставуваат своите производи.

Ако порано граѓаните имаа навика да купуваат само мед, последниве години се зголемува свеста и за останатите пчелни производи, што придонесува да се зголеми продажбата и на матичниот млеч, цветниот прав, био медот, прополисот и пергата.

Пчеларот Петре Кузманоски, кој е лоциран на првиот штанд на улица Македонија, вели дека потешката е борбата со вештачките медови кои ги има по маркетите, отколку самото производство на мед, кое не само што е комплицирано, туку е и неизвесно, и зависи од временските услови.

-Се повеќе се намалува производството на мед, бидејќи климата се промени, временските услови не се исти како порано, а тоа најмногу се чувствува на производството на мед, има пчелари кои не можат ниту една тегла мед да извадат, вели Петре.

Пчеларката Рената Аврамовска со нас сподели дека медот никот го нема истиот вкус, дури и ако се работи за истиот вид на мед.

-Ако има две години по ред сосема ист вкус, тогаш нешто не е во ред со медот. Купувачите често се сомневаат во квалитетот на медот, и не се подготвени да платат 450 денари, за една тегла мед, иако сите знаат дека медот има чудотворна моќ, вели Рената.

Гоце Мирчески чие семејство одамна се занимава со одгледување на пчели вели дека во Македонија се продава најевтин мед, во споредба со земјите од соседството, и според него цената на медот треба да биде околу 600 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот