КК Пелистер против Хелиос во плеј-офот на АБА2 лигата

фото: Nikola Vuruna/ABA League J.T.D

Заврши регуларниот дел од сезоната во АБА 2 лигата по кој ги дознавме сите осум екипи кои обезбедија пласман во плеј-офот.

Во плеј-офот Македонија ќе ја претставува кошаркарскиот клуб на Пелистер кој го освои осмото место во регуларниот дел.

А покрај битолската екипа, во доигрувањето ќе бидат Хелиос Санс, Крка, Подгорица, Борац, Широки, Златибор и Сутјеска.

КК Пелистер за противник ќе го има првопласираниот Хелиос Санс од Словенија. Сите натпревари ќе се играат во Домжале, Словенија, во периодот од 12-16 април 2023 година.

Хелиос Санс – Пелистер Битола
Борац – Широки

Крка – Сутјеска
Подгорица – Златибор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот