„КјурВак” и „Новартис” заеднички ќе произведуваат вакцина против коронавирус

epa08324991 (FILE) - The Novartis Campus is pictured, is pictured in Basel, Switzerland, 03 September 2019 (reissued 26 March 2020). On 26 March 2020, Basel-based pharmaceutical giant Novartis announced to have joined forces with the Bill & Melinda Gates Foundation to fight the coronavirus pandemic. EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Германската фармацевтска компанија „КјурВак” го објави партнерството со швајцарската компанија „Новартис” во заедничкото производство на вакцината против коронавирус, што досега самата ја развиваше, се наведува во соопштението на германската компанија објавено на нејзината Интернет страница.

„КјурВак”, која развива нова класа лекови врз база на рибонуклеинска киселина (mRNA) и „Новартис” денеска објавија дека потпишале првичен договор за производство на вакцина против ковид-19″, се наведува во соопштението.

Истовремено, германската компанија наведува дека веќе се во тек подготовките за почеток на производството, трансфер на технологија и тестирање.

По склучувањето на конечниот договор „Новартис” има намера до крајот на 2021 година да произведе до 50 милиони дози од вакцината. Во 2022 година, како што е наведено во соопштението, швајцарската компанија планира да произведе до 200 милиони нови дози од вакцината. Се очекува испораките од нивната фабрика во австрискиот град Кундла да почнат во летото 2021 година.

-Задоволни сме што во „Новартис” најдовме нов, многу искусен партнер за поддршка на производството на нашата вакцина. Заедно со „Новартис” планираме значително да го зголемиме производниот капацитет и да ја прошириме нашата производна мрежа, рече Флоријан фон дер Мулбе, портпаролот на „КјурВак”.

Членот на извршниот комитет на „Новартис”, Стивен Ланг, истакна дека денеска нивната компанија „активно го зголемува својот капацитет за производство на mRNA, за на најдобар начин да ја задоволат зголемената побарувачка”.

Европската агенција за лекови (ЕМА)  на 12 февруари почна постепен преглед на вакцината пртоив коронавирус развиена од германската фармацевтска компанија „КјурВак”. Оваа одлука се темели на прелиминарните лабораториски резултати и раните фази од клиничките испитувања кај возрасните лица. Постепениот  преглед,  како што е наведено од ЕМА, ќе продолжи се додека не се добијат доволно податоци за издавање привремено одобрение за ставање на вакцината во употреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот