Мина Совтиќ - Фото: Инстаграм

Ќерката на Аница Добра била итно хоспитализирана откако примила анестезија во нос, па почнала да губи свест

Мина Софтиќ  на почетокот на оваа недела, завршила во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија. Таа била итно хоспитализирана поради главоболка и дезориентација. Актерката била задржана на интензивна нега за понатамошно лекување и преглед.

Имено, како што дознава српски „Курир“, Мина пред да побара помош од лекарите на брза помош,  била во приватна клиника, каде што побарала и добила помош и се ослободила од главоболката.

По неколку часа, откако ја напуштила приватната болница, таа почнала да се чувствува лошо, па пристигнала во итната помош со нејзината мајка, актерката Аница Добра, во многу лоша здравствена состојба.

Како што пренесува „Курир“, актерката имала процедура во приватната клиника каде што ѝ била дадена анестезија во пределот на носот, по што ја изгубила свеста.

Мина изгледала многу лошо кога пристигнала во итната помош, жалејќи се на силна главоболка, гадење и чувство дека мозокот ќе ѝ „експлодира“. Таа била во паника и ја губела свеста.

Според извор на српски „Курир“, Мина не можела да разговара со лекарите, па нејзината мајка комуницирала со медицинскиот персонал.

– Во еден момент, изгледаше како да ќе се струполи на подот. Лекарите во Ургентниот центар ѝ пружија на Мина сета потребна помош и таа беше испратена на дополнителна дијагностика. Цело време додека беше внатре, мајката на актерката не излезе од вратата на лекарската ординација – изјавил изворот.

По неколку часа преглед и анализа, лекарите одлучиле да ја задржат во болница за понатамошно следење. Таа моментално се чувствува подобро, но сè уште не е познато зошто се појавила компликацијата што го загрозила нејзиното здравје и дали станува збор за медицинска грешка.

Според информациите достапни на интернет, овој вид анестезија се користи за контрола на болката во пределот на лицето. Може да се примени на различни начини, вклучувајќи инјекции, креми, инфузии. Препорачливо е овој тип на инјекција да се дава под надзор на професионалец.

Мина е единствена ќерка на познатата актерка и претприемач Миодраг Миќа Совитиќ. Студирала глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во класата на Драган Петровиќ Пеле. Глумела во сериите „Убице мог оца“, „Корени“, „Црна свадба“, „Жигосани у рекету“, „Дуг мору“, „Авионџије“, „Беса“, „Златни рез 42“ и други.

Таа, исто така, синхронизира анимирани и играни филмови на српски јазик. Пред три години се омажи за архитектот Лука Николиќ, со кого претходно беше во врска со години, а во 2023 година станаа родители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот